PRIO STARTUP МАКЕДОНИЈА УСПЕШНО ГО ГРАДИ СВОЕТО ИНВЕСТИЦИСКО ПОРТФОЛИО

 

Од почетокот на 2019 година досега Prio Startup Македонија отпочна со 6 проекти на нови стартапи во областа на нови стартапи во областа на мобилната, интернет и финансиските технологии. Во тимот се приклучија неколку Business Developer-и со кои е отпочнат брзиот развоен процес на бизнисите. За многу кратко време ќе можеме да ги објавиме нашите инвестиции и повеќе информации за стартапите во кои инвестиравме. Ние во Prio Startup Group со седиште во Шведска сме импресионирани од талентот и софистицираноста на стартапите и инвеститорите кои ги запознавме во Македонија. Ние имаме долгорочни планови за присуство и развој на балканскиот регион преку нашата канцеларија во Скопје.